Деко потврди: Добивме понуда од 250 милиони евра за Јамал!


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Со само 17 години, Ламине Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кој се вртат многу работи, а Барселона со сите сили сака на него да ја гради својата иднина.

По извонредните натпревари во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец очекувано се најде под интерес на европските гиганти и оние кои финансиски стојат многу подобро од клубот за кој настапува.

Спортскиот директор на Каталонците, Деко, призна дека клубот има примено понуда која инаку не е лесно да се одбие. Според неговите зборови, ПСЖ понудил дури 250 милиони евра.

Договорот на Ламин со Барселона истекува на 30 јуни 2026 година, а Каталонците презедоа конкретни чекори за да го продолжат неговиот договор.

„Обновувањето е на добар пат. Ламин го гледам на необично зрело ниво. Мора да сме среќни и да се радуваме, бидејќи вакво нешто не е нормално. Играч толку млад, со толку квалитет, не делува нормално.“

Фото: Принтскрин