Деко потврдува значајно засилување за Барселона: Да, вистина е!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалската јавност е возбудена откако поранешниот играч на Барселона, а сега спортски директор на клубот, Деко, официјално ја соопшти веста што ја чекаа сите навивачи – Нико Вилијамс ќе се приклучи на Барселона како нов играч.

Спекулациите за иднината на овој талентиран напаѓач, кој јавно ја искажа својата желба за трансфер во актуелниот шампион на Ла Лига, беа интензивни последниве денови во медиумите. Конечно, сите дилеми се разрешени.

„Да, точно е. Нико донесе одлука да потпише за Барселона,“ изјави Деко, потврдувајќи го трансферот кој долго време беше главна тема во фудбалските кругови во Шпанија.

Фото: Принтскрин