До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот директор на Барселона Матеу Алемани беше спречен во погубната размена на играчи со Пари Сен Жермен. Кобната грешка ја спречи Деко.
Матеу Алемани на почетокот на 2023 година имаше договор со Пари Сен Жермен за размена на играчи. Тогашниот директор на Барселона ја прифати понудата во која Гави би завршил во Париз, а Фабијан Руиз и Марко Верати би дошле во Барселона.
Алемани го заврши договорот зад грбот на управата на тимот. Сè дозна Деко, кој штотуку ја презема должноста спортски директор, и тој ја спречи катастрофалната работа за каталонскиот тим.
„Во 2023 година Матеу Алемани се договори со Пари Сен Жермен. Гави требаше да оди во Париз во замена за Руиз и Верати. Сето тоа го заврши зад грбот на управата на клубот, но сето пропадна кога Деко дозна за тоа,” наведуваат каталонските медиуми и продолжуваат со приказната.
















