Дел Пјеро жестоко го нападна италијанскиот фудбал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро дел Пјеро во емисијата Sky Calcio Unplugged без задршка зборуваше за новиот тежок удар за италијанскиот фудбал, без да бира зборови за да ја опише длабочината на кризата. Италијанците по трет пат последователно доживеаја неуспех во обидот за пласман на светското првенство, што предизвика лавина критики во јавноста.

„Бевме голема сила. За жал, сега доминираат негативни чувства, тага, гнев, разочарување и неверување. Првиот пат беше шок, вториот пат ноќна мора, а овој трет е веќе срамота и неопростливо”, остро изјави дел Пјеро.

Дел Пјеро смета дека проблемот не може да се сведе на неколку имиња и дека е бесмислено да се бараат поединечни виновници. “Не е важно кој е виновен, Гатузо, Буфон или Гравина. Треба да се преиспита сè што стои зад тоа, а не само претседателот на сојузот.

Го видовме дека многу заостануваме, не само зад нашите стандарди, туку и зад другите кои знаеле како да почнат одново. На пример, Франција и Германија имале храброст да одберат одреден пат”, порача тој.