Дел Пиеро со порака до Конте: Биди внимателен!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Александре Дел Пиеро испрати предупредувачка порака до тренерот на Интер, Антонио Конте.

Интер остана само во борбата за титулата во Серија А, а доколку не успее во таа битка, екипата на Конте ќе остане и сезонава со празни раце.

„Ситуацијата на Конте е тешка. Интер има моќен состав, но Конте мора да внимава затоа што му остана само борбата за титулата во Серија А“, кажа Дел Пиеро.