Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро имаше добра кариера, но можеше да постигне многу повеќе успеси доколку немаше проблеми со повреди.
Дел Потро во минатото стигна до третата позиција на АТП-листата, па го освои Ју-Ес Опен во 2009 година, а се закити и со медали на Олимписките игри во Лондон и Рио.
Операциите и повредите го спречија да постигне повеќе успеси во кариерата, а дури и денес има последици.
„Можам само нормално да одам на улица. Не можам да се качам ниту по скали без болка. Не можам да возам автомобил подолго време затоа што ме болат нозете. Бев во Швајцарија на третман, но не ми помогна“, вели Аргентинецот.