Деле Али бил зависник, продавал дрога и на 24 години сакал да ја заврши кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски талент Деле Али никогаш не го исполни целосно својот потенцијал, а во интервју кај Гери Невил откри тешки моменти од своето минато.

Деле Али откри дека бил на рехабилитација од лекови за спиење и тоа му помогнало да се освести.

„Станав зависник од таблети за спиење. Тоа е проблем кој го немам само јас. Се случува во фудбалот почесто отколку што мислите. Тешко ми е да зборувам за тоа. Кога се вратив од Турција, морав да одам на операција. Не бев во најдобра состојба и решив да одам на рехабилитација“, вели Деле Али.

Англискиот фудбалер откри дека и дека бил сексуално злоставуван на шест години, додека две години подоцна бил дилер на дрога, а планирал и да ја заврши кариерата на 24-годишна возраст.