Деле Али имаше неверојатен пречек во Истанбул (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али пристигна во Истанбул, каде што треба да го облече дресот на Бешикташ, а синоќа беше пречекан на аеродромот во Турција.

Англичанецот си замина претходно од Евертон, откако не ги оправда очекувањата, па сега ќе игра во турскиот тим на позајмица со тоа што Бешикташ може да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.