Делегацијата на Египет се судри со полицијата во Далас – „летаа“ тупаници (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неочекувана ситуација ја дочека репрезентацијата на Египет по пристигнувањето во Далас каде што ќе ја играат шестнаесетфиналната натпревар на Светското првенство против Австралија.

Имено, по пристигањето во хотелот, египетската делегација влезе прво во вербален, а потоа и во физички конфликт со полицијата и обезбедувањето кое се наоѓало во хотелот во тој момент. Многу брзо сè ескалира, а на тоа претходеше вербална расправија на директорот на тимот, Ибрахим Хасан со еден член на обезбедувањето.

Во еден момент “летаа” тупаници, меѓутоа, за среќа, сè брзо се смири. Делегацијата на Египет беше многу лута, а уште не е познато точната причина зошто дојде до конфликт. Да потсетиме, репрезентацијата на Египет ќе го игра натпреварот од шестнаесетфиналето на Светското првенство вечерва од 20.00 против репрезентацијата на Австралија.

Тимот на Египет и полицијата во Далас влегоа во расправија. pic.twitter.com/g0fpQqNv6o— World Cup HQ (@WorldCup26HQ) 3 јули 2026

.