Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Руските медиуми објавија дека милијардерот Роман Абрамович бил отруен, и тоа за време на мировните преговори со украинските преговарачи, меѓутоа набрзо пристигна демант од САД.
Американски функционер вели дека Абрамович и останатите колеги не биле отруени, туку настрадале од еколошки фактори.
Медиумите пишуваа дека Абрамович бил отруен со непозната супстанција, меѓутоа американскиот претставник тврди дека тоа не е вистина.
„Нашите сознанија покажуваат дека тоа е последица на еколошки фактор. Не е труење како што тврдат некои други“, вели американскиот функционер.
Абрамович претходно реши да го продаде европскиот и светски клупски шампион Челси и да ги донира парите во Украина.