Дембеле ќе остане до јуни во Барселона, а веќе знае каде ќе игра следната сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Осман Дембеле не сакаше да го напушти тимот на Барселона и ги одби сите понуди кои пристигнаа во Каталонија за неговите услуги.

Тренерот Чави Ернандез реши да го користи Французинот до крајот на договорот, по што Дембеле ќе си замине од Барселона, а како негов следен клуб се споменува ПСЖ.

„Мундо Депортиво“ пишува дека раководството на Барселона знае за договор меѓу 24-годишниот фудбалер и францускиот гигант, а интересно е тоа што ПСЖ и во јануари го сакаше Французинот, но не сакаше да плати отштета.

Барселона го купи Дембеле во 2017 година за 145 милиони евра, а тој за пет години одигра само 129 натпревари и постигна 31 гол, па ќе остане запаметен како едно од најскапите промашувања во историјата на фудбалот.