Дембеле му кажа „да“ на ПСЖ, Барселона ќе добие 50 милиони евра


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


ПСЖ ќе добие големо засилување од Барселона, затоа што францускиот репрезентативец Осман Дембеле ја прифати понудата од францускиот гигнат.

Дембеле има откупна клаузула од 50 милиони евра, колку што ќе платат парижаните за неговиот потпис.

Французинот ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ, а засега не е познато колку пари ќе добива по сезона.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е свесен дека го губи Килијан Мбапе и затоа брзаше да пронајде замена.