Дембеле со последниот потег го најави своето заминување, но и доаѓање на Нејмар?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона денес повторно ќе се состане со претставници од ПСЖ за да пробаат да го договорат трансферот на Нејмар.

Каталонците неодамна исто така имаа состанок во Парис, но не успеаа да постигнат договор, па работите се вратија на почеток.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Парижаните се спремни да го пуштат Нејмар за 100 милиони евра, но Барса да ги прати во францускиот клуб Семеда и Дембеле.

Осман Дембеле и порано се споменување како играч кој би можел да биде дел од понудата која може да ги задоволу луѓето во Париз.

Французинот пред 2 години во рекорден трансфер стигна на Камп Ноу, но разочара, па Барса е спремна да го пушти со обзир на тоа дека правеше проблеми и надвор од теренот, а имаше и неколку повреди

Дембеле неодамна заработи нова повреда и тоа не го пријави на лекарскиот тим, па замина на одмор со фамилијата.

После враќањето во Барселона, констатирано било дека е повреден и дека ќе биде надвор од теренот пет недели, а пореди својата немарност беше казнет и парично од страна на каталонскиот клуб.

Додека трае приказната околу неговото потенцијално заминување од Камп Ноу и потпис за ПСЖ, Дембеле направи нешто што додатно потврди дека нешто се спрема.

Имено, Французинот од својот Инстаграм профил ја тргна Барселона од својата биографија, а дали тоа значи дефинитивно заминување останува да видиме.