Дембеле успешно опериран, но Барселона ги разочара навивачите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Осман Дембеле минатата недела го напушти тренинг-кампот на неговата татковина поради повреда на мечот против Унгарија во групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Дембеле имаше медицински прегледи, кои покажаа дека мора да оди на операција и дека за него ЕП е завршено.

Но, тука не беше крајот на лошите вести за Дембеле. Неговата повреда е посериозна од што сметаа сите на почетокот, па тој ќе мора да го пропушти почетокот на сезоната со Барселона.

Каталонскиот гигант се надеваше дека рехабилитацијата нема да трае толку долго, но сепак преку социјалните мрежи откри дека Французинот ќе мора да паузира неверојатни четири месеци.

Дембее беше успешно опериран од доктор во Финска, а со него биле и членови на медицинскиот тим на Барселона.