Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
За среќа се помина без сериозни повреди.
Фудбалерите на Црвена Звезда неславно си поминаа во Реџо Емилија, каде што изгубија со 3:0 од италијански Сасусоло во рамките на квалификации за ЛЕ.
Утрово тие се вратија во Белград, а тројца играчи на Звезда доживеаа собраќајна несрека во градот на местото „Мостарско петле„.
Станува збор за играчите Марко Полетановиќ, Срѓан Плавшиќ и Петар Орландиќ, за среќа тие поминале без сериозни повреди но сепак се нашле на ургентен центар.
Српскиот весник Блиц не известува дека Орланиќ посетил хирург, а Плавшиќ и Полетановиќ морале на ортопед, дури на Плавшиќ му е наместена и ортопедска крагна.
Играчите имаат слободен ден денеска, а овие тројца решиле да заминат за Нови Сад но нешто им излезе на патот и место во Нови Сад завршија во болница.