Денес првиот потпис на Олд Трафорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


21 годишниот играч на Свонси, Даниел Џејмс ќе стане нов играч на Црвените Ѓаволи.

Даниел Џејмс важи за голем талент на велшкиот фудбал. Му се предвидува голема кариера, а со своите игри во Свонси привлече големо внимание.

Тој доби неколку одлични понуди. Многу клубови го сакаа, но тој ја донесе својата одлука.

Го помина лекарските прегледи и ќе потпише повеќегодишен договор со Јунајтед, па ќе има шанса да се покаже на големата сцена.

Веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Велс постигнувајќи еден погодок во два натпревари.

Свонси од овој трансфер ќе заработи околу 15 милиони фунти.