Денот кој сите ќе го паметиме: Коби Брајант во лудата јануарска ноќ постигна 81 поен! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Коби Брајант почина вчера во хеликоптерска несреќа, а покрај него животот го загубија уште и ќерка му Џина Марија и уште седум патници кои биле во леталото, кое се урна во Калифорнија.

Брајант дојде на големата сцена во 1996 година како 13. пик на драфтот и трејд во кој од Шарлот во замена за Владе Дивац се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

Во текот на кариерата Коби освои пет трофеи во НБА, двапати беше МВП во финалето, еднаш МВП на сезоната, а беше и 17 пати учесник на Олстар викендот и дури четири пати беше МВП на Олстарот, а 11 пати беше избран во најдобрата петорка во лигата.

Освен тие достигнувања, Брајант ќе го паметиме и по неверојатниот меч на 22 јануари 2006 година, кога Лејкерс тогаш не беше тим за титула, а им гостуваше Торонто, но Коби постигна дури 81 поен за победа од 122-104.