Денот кој засекогаш го зема „кошаркарскиот Моцарт“: Дражен Петровиќ почина пред 27 години! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На денешен ден пред точно 27 години трагично го загуби својот живот Дражен Петровиќ, кошаркарскиот „Моцарт“ и идол на многу млади во Југославија.

Петровиќ настрада на враќање од Полска, каде што го играше последниот меч како репрезентативец на Хрватска против селекцијата на Словенија во квалификациите за Европското првенство.

На 5 јуни 1993 година реши да се врати дома со автомобил наместо со авион. Во автомобил Голф, со кој управувала неговата девојка, германската манекенка Клара Шаланци беше и турската кошарка Хилал Едебал.

Трагедијата се случи на 7 јуни. Поради намалената видливост и неприлагодената брзина на црвениот Голф удри во камион кој бил на автопатот. Од силината на ударот, на лице место почина Дражен, кој во тој момент спиел на совозачкото место.