Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, барем така тврди Ентони Ирвин.
Познатиот инсajдер ја изнесе следната изјава при едно од гостувањата.
– Ништо повеќе не може да го обесхрабри суперѕвездата како ова. Работеше толку долго за да достигне до овој ниво, за да го довери на сопственик на франшизата на кој му се толку важни парите како на Стен Кренке. Ако јас го советував, би му рекол полека да размисли за разделување со Нагетс. Мислам дека доаѓа време во кое тие ќе се свртат кон реконструкција, што е шанса Јокиќ да замине – алудира Ирвин на трејдот на Пејтон Ватсон во Кливленд, а на некој начин Нагетс го „продадоа“ или предадоа Јокиќ со овој гест.
Лука Дончиќ би можел преку пријателството да одигра клучна улога.
– Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ, кој е многу блисок пријател на Николa. Исто така, можноста за нивен заеднички пик-ен-рол би била навистина уникатна. Двајцата можеби гледаат кон 2028, кога би можеле да направат серија одлуки кои би довеле до тоа да играат заедно.












