Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 131:115 и се на чекор до влез во втората рунда од плеј-офот. Пласман во следната рунда веќе обезбедија Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс.
Денвер нагетс играат сè подобро како што минува времето. Не почнаа најдобро во плеј-офот, но синоќа ја остварија третата победа против Клиперс и водат со 3:2 во серијата.
Џамал Мареј беше блескав со 43 поени, Арон Гордон постигна 23, Расел Вестбрук 21, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл ефект со 13 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Ивица Зубац за Клиперс постигна 27, Каваи Леонард 20, а Богдан Богдановиќ 18 поени.
Фото: Grok AI