Денвер во проблем: Јокиќ неизвесен за Голден Стејт?


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер Нагетс ќе започнат серија предизвикувачки гостувања во втората половина на март против Голден Стејт Вориорс.

Еден од најдобрите играчи на денешницата Никола ЈОкиќ не го излекува целосно зглобот и лактот, кои го мачеа претходно во сезоната, но очигледно згуснатиот распоред и се почестите натпревари влијаеле овој здравствен проблем да излезе на површина.

Јокиќ зад себе има извонредни партии што го достигнаа врвот на 8 март кога во дуелот против Феникс Санси го надмина рекордот имајќи повеќе од 20 поени, асистенции и скокови.

Српскиот кошаркар блесна и во вчерашниот пораз од Визардс, но јавно по натпреварот им забележа на соиграчите дека не се доволно посветени во одбраната, што е искажан став и од тренерот Мелоун.

Денвер ќе го дочека натпреварот против Голден Стејт на четвртото место на Западот, со само три победи плус во однос на позицијата која води во доигрувањето.