Депај се огласи по казната: Не требаше да возам пијан


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Мемфис Депај беше казнет со условна затворска казна од четири месеци поради возење под влијание на алкохол. Тој се извини на јавноста за своето неодговорно однесување.

Инцидентот се случил во август претходната година. После ноќен клуб, Депај бил запрен од полицијата, а тестовите покажале дека нивото на алкохол во крвта му било 1.01 промили.

„Би сакал да се извинам за моето однесување. Минатото лето, за време на одморот во Монако, направив грешка возејќи по неколку пијачки. Требаше да се одлучам за такси“, изјави Депај.