Депај го облече дресот на Барселона: Дедо ми го сакаше ова, го направив горд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот Мемфис Депај синоќа беше претставен на „Камп Ноу“ и го облече дресот на каталонскиот гигант, а во следната сезона ќе треба да ѝ помогне на Барселона да се врати на врвот.

На промоцијата Депај нагласи дека е благодарен затоа што потпишал со Барселона и испрати посебна порака до неговиот дедо.

„Дедо ми еднаш ми кажа дека ќе играм за Барселона и тоа се оствари. Би бил многу горд“, кажа Депај на промоцијата во новиот клуб.

Со оглед на тоа дека Холанѓанецот е претставен на теренот на „Камп Ноу“, како што е традиција, тој веднаш го облече и новиот дрес на Барселона.

Депај треба да биде еден од главните фудбалери на Барселона за следната сезона, а сега на Жоан Лапорта му останува да ги скрати трошоците за да може да ги регистрира засилувањата.