Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона води голема битка со финансиските проблеми кои ќе мора наскоро да ги реши, инаку ќе не може да ги регистрира новите засилувања.
Мемфис Депај пристигна во Каталонија како слободен играч, а при потписот на договор се согласи на намалување на платата, но најверојатно ниту тоа нема да помогне.
Клубот од „Камп Ноу“ мора да ослободи 200 милиони евра во плати за да може да ги регистрира новите фудбалери, а потегот на Депај ќе биде залуден доколку и другите членови на тимот не тргнат по неговите стапки.
Барселона во следниот период ќе мора да ги убеди и другите фудбалери дека мора да прифатат помала плата, а дали ќе успее во тоа претседателот Жоан Лапорта, останува да видиме во следните недели.