Депај се договори со Барселона, но Лапорта мора да му исполни (не)реален услов?

Барселона работи на засилувања за следната сезона, откако речиси сигурно ги изгуби шансите за трофејот во Ла Лига оваа сезона откако на последните четири меча победи само еднаш.

Каталонскиот гигант, и покрај тоа што ја губи трката за титулата, сепак работи на создавање моќна екипа за следната сезона. Од претходно е познато дека Ерик Гарсија ќе се пресели во Барселона, а се споменува и Серхио Агуеро, чиј договор завршува на крајот на сезоната со Манчестер сити.

Договор до крајот на сезоната има и Мемфис Депај со Лион, а тој исто така е на праг да потпише за Барселона, но шпанските медиуми откриваат дека одличниот фудбалер има голем услов за претседалоте Жоан Лапорта, а тоа е Роналд Куман да остане тренер на екипата.