Депај си оди од Барселона и се сели во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона се согласи да го продаде Мемфис Депај на Атлетико Мадрид за три милиони евра плус бонуси.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона не успеала да се договори со Атлетико за размена со Јаник Караско, па затоа ќе заработат три милиони евра.

Депај сакаше да замине од клубот уште минатото лето, но не ги прифати понудите од Њукасл и Галатасарај, а Барселона го искористи „последниот воз“ за да заработи нешто од неговиот трансфер.

Искусниот фудбалер ќе добие поголема минутажа во Атлетико, кој остана без Жоао Феликс.