Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе сака да го заборави почетокот на 2022 година затоа што 10 дена траеше неговата сапуница од влезот во Австралија до депортацијата.
Сојузниот суд на Австралија ја потврди одлуката на министерот за миграција, Алекс Хок и му ја укина визата на Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер во светот ќе биде депортиран, а му се заканува и забраната за влез во период од три години и притоа ќе мора да ги плати судските трошоци.
На Ѓоковиќ му се заканува и пад од првото место на АТП-листата, откако таму помина 355 недели затоа што Србинот нема да може да брани 2.000 бодови на турнирот, а разликата меѓу него и второпласираниот Данил Медведев е 2.080 бодови, па ако го освои трофејот ќе се искачи на врвот.