„Дер Шпигел“ откри детали: Алаба кажа дека парите не биле важни, но дали тоа е вистина?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австрискиот репрезентативец Давид Алаба потпиша за Реал Мадрид неодамна и пристигна во шпанскиот гигант целосно бесплатно откако му заврши договорот со Баерн Минхен.

Алаба не сакаше да ја продолжи соработката со Баерн и тврдеше дека проблемот не бил во парите, иако медиумите пишуваа дека двете страни не можеле да се договорат.

Германски „Дер Шпигел“ објави дека Австриецот ќе добие 115 милиони евра бруто плата за следните пет години во Мадрид.

Медиумот открива дека Алаба годишно ќе добива по 19,47 милиони евра, додека дополнителни 17,7 милиони добил со потпис на договорот.

Алаба треба да ја има главната улога во одбраната на „кралевите“ во следните сезони бидејќи од екипата си заминаа Серхио Рамос и Рафаел Варан.