Дерби меѓу инвестициски фондови за нов газда на Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан во моментов е на добар пат да го освои Скудетото по долго време, а од лето се очекува да добие нови газди, а интерес за калчолигашот покажа и инвестициската групација „Ред Бирд Кепитал Партнерс“.

Во моментв газда на Милан е инвестицискиот фонд „Елиот“, кој го презема тимот по пропадната инвестиција од Кина, па го врати клубот во Лига на шампиони (ЛШ) и во битка за титулата.

Претходно интерес за Милан покажа и „Интеркорп“ кој сака да го купи тимот за 1,2 милијарди евра, а преговорите се во тек и со „Ред Бирд“, па наскоро ќе дознаеме кој ќе биде нов сопственик на италијанскиот гигант.

Милан на три кола пред крајот има два бода повеќе од градскиот ривал Интер и води во битката за шампионската титула во Серија А.