Дербито на Манчестер во Торино: Клучниот збор во рацете на „Старата дама“...?!

Откако Манчестер Сити стана сериозен фактор на светската фудбалска сцена, се почести се дуелите со градскиот ривал Јунајтед на трансфер пазарот.

Последна во низата битки е доведувањето на крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста кој е мета на обата клуба на Манчестер, тврди Тутоспорт.

Бразилецот оваа сезона не е во најдобра форма, на 24 натпревари постигна еден гол и запиша две асистенции, па Макс Алегри има се помалку доверба во него.

Особено тоа се одрази по инцидентот против Сасуоло кога го плукна противничкиот игра поради што беше и санкциониран.

Коста веќе не е неизоставен член на тимот, па Јувентус ова лето би можел на него да заработи барем 60 милиони евра.

Ситуацијата ќе ја следи и ПСЖ кој во последниве сезони умееше да „украде“ играчи пред носот на бројните европски великани.