Дербито во првото коло од Бундеслигата ќе се игра пред – навивачи!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На состанокот на членовите на Бундеслигата, кој беше одржан онлајн, беше донесена одлука во германскиот шампионат да се вратат навивачите на стадионите, и тоа од петок и првиот меч меѓу Баерн Минхен и Шалке.

Гостински навивачи нема да може да присуствуваат на натпреварите, туку таква можност ќе добијат само домаќините, кои нема да можат да внесат алкохол на трибините.

Максималниот број на дозволени навивачи наскоро ќе биде соопштен и тој ќе се зголемува во секое наредно коло.

Германците враќање на трибините тестира во првото коло од германскиот Куп, а тогаш на мечот меѓу Динамо Дрезден и Хамбургер присуствуваа 10.000 гледачи, а на мечот Дуисбург – Дортмунд само 300.