Десет фудбалери му се заканиле на Перез дека ќе заминат ако Конте дојде во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот новинар Данкан Каслс објави дека Флорентино Перез сакал да го вработи Антонио Конте за тренер на Реал Мадрид, но морал да се откаже од неговата намера и да го донесе Карло Анчелоти.

Конте на крајот на минатата сезона го напушти Интер откако тимот од Милано ја освои првата титула во Серија А по 11 години.

Во текот на тренерската кариера имаше конфликти со дел од фудбалерите, па играчите на Реал решија дека не сакаат да соработуваат со таков тренер.

„Десет фудбалери на Реал Мадрид се заканиле дека ќе заминат ако за тренер биде поставен Конте, па поради тоа Перез мораше да најде друг стратег“, вели новинарот.

Анчелоти и во минатото им беше тренер на „кралевите“, па од него се очекува во следната сезона да се бори за сите трофеи.