Дешам молчи во соблекувална додека Мбапе пцуе и дели лекции (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Франција не ја одбрани титулата на Мундијалот откако во финалето загуби од Аргентина на пенали, а сцена од полувремето на дуелот е хит на социјалните мрежи.

„Триколорите“ беа лоши цели 80 минути, по што Килијан Мбапе постигна два гола да ја врати Франција во живот, а претходно во соблекувалната пцуеше и делеше лекции.

„Не може да бидеме полоши. Можеме да се вратиме. Мора некако да успееме. Примивме два гола, но можеме да се вратиме. Ваков натпревар се игра еднаш во четири години“, кажа Мбапе.