Дешам: Сите знаеме кој има најдобра екипа на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франција вчера славеше на пенали против Португалија, а селекторот Дидие Дешам зборуваше за тоа кој има најдобра екипа на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Дешам смета дека Шпанија ја има најсилната екипа и игра најдобро на турнирот, па затоа се најголеми фаворити за титулата.

„Сите знеме кој има најдобра екипа на турнирот. Тоа е Шпанија без сомнеж. Играме против нив полуфинале, а засега сите работи им одат како под конец, но ние нема да се предадеме лесно“, кажа Дешам.

Полуфиналето меѓу Шпанија и Франција се игра на 9 јули од 21 часот.