Дешамп пред отказ по дебаклот на ЕП, се знае новиот селектор на Франција!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската репрезентација стигна на Европското првенство (ЕП) како главен фаворит за освојување на златниот медал, но својот пат го завршија во осминафинале, откако беа елиминирани на пенали од Швајцарија.

Патникот во четвртфиналето се дозна по пеналите, а трагичар за Франција беше Килијан Мбапе, кој во петтата серија промаши удар од белата точка и така им пресуди на своите сонародници.

На удар на критики на француската јавност по мечот се најде и селекторот Дидие Дешамп, и тоа поради измените кои ги направи во завршницата од натпреварот, а најмногу им пречи тоа што го замени Антоан Гризман.

Уште сега се шпекулира за тоа дали Дешамп ќе ја напушти клупата на Франција, зашто целта беше освојување на ЕП, но „триколорите“ се посрамотија, па поради тоа „Ле Паризиен“ објави дека нов селектор најверојатно ќе биде Зинедин Зидан.