Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус вчера доживеа големи промени, откако сите членови на управата на поранешниот шампион си поднесоа оставки, а денеска за нов претседател е поставен Џанлука Фереро и допрва треба да се формира новото раководство.
Фереро е навивач на Јувентус, а досега беше раководител на компанијата “Ексор“ која е под контрола на семејството Ањели, па така тие и понатаму ќе останат на чело на клубот.
Следи период исполнет со многу предизвици за „Старата дама“, а вчера беше одржан и состанок со Масимилијано Алегри за кој не би било изненадување ако замине од клубот.
Во медиумите се споменуваше и 2006 година, односно „Калчополи“ кога Јувентус беше исфрлен во Серија Б, а познатиот новинар Танкреди Палмери“ најави дека ќе се случи нешто „големо“ во следните денови.