Десниот бек на ПСЖ ги отфрли шпекулациите дека ќе се пресели во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулираше дека Томас Меуние ќе се пресели во Арсенал во јануари, меѓутоа тој ги отфрли таквите најави.

Белгискиот интернационалец и покрај сите шпекулации остана во Париз каде ќе одработи уште една сезона во дресот на францускиот шампион.

„Можев да заминам, но немаше ништо што би не задоволило ни мене ни клубот. Секогаш велев дека сакам да останам во Париз. Имам уште една година од мојот договор и се уште се надевам дека истиот ќе го продолжам. Ситуацијата е малку покомплицирана затоа што не сум прв избор, но јас останувам професионалец и нема да заминам ни во јануари“ –истакна Меуние.