Детал од позната слика пред седум години покажува каков човек е Бензема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема за многумина е најдобар фудбалер во моментов и главен кандидат за „Златната топка“.

Бензема подолго од 10 години игра на врвно ниво, а во последните две години конечно го покажа вистинското лице.

Французинот од 2009 година го носи дресот на „кралскиот клуб“, а впечатокот е дека досега бил во сенка на други ѕвезди во тимот.

Многу години ја делеше соблекувалната со Кристијано Роналдо, кој во тој период освои четири „Златни топки“, но по неговоот заминување до израз дојде Бензема.

Бензема никогаш не покажувал љубомора, а тоа го покажува и фотографија од јануари 2015 година, кога неколку ѕвезди на Реал имаа индивидуални награди.

Бензема стоеше во позадина и од срце им аплаудираше на противниците, како и сам да ги освоил престижните награди.