Детали од минатото: Роналдо и Мурињо сакале да се степаат, но…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во автобиографијата на Лука Модриќ бил откриен начинот на кој Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо ги растуриле добрите односи.

Во биографијата на Хрватот се открива караницата меѓу Мурињо и Роналдо, кои престанале да разговараат.

„Игравме натпревар од Купот, водевме со 2-0, но Мурињо се налути затоа што Ронало во одбрана го испрати нивниот бек. Почнаа со пцовки, а Кристијано се расплака на полувреме, по што повторно се скараа“, открива Модриќ.

Модриќ откри дека Мурињо и Роналдо тргнале и физички да се пресметаат, но останатите фудаблери успеале да ги спречат во таа намера.