Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубовите имаа ексклузивно право на емитување на натпреварите што ќе донесеше дополнителна заработка затоа што гледањето на дуелите ќе се плаќаше во облик на претплати.
Само три дена по рушењето на Суперлигата, германски „Шпигл“ објави детали од натпреварувањето и од договорите кои ги потпишале клубовите.
На пример, според договорот кој го потпишале тимовите, требаше да добијат по 60 милиони евра повеќе од останатите конкуренти, но доколку некој сака да ја напушти Суперлигата пред време ќе мора да плати 150 милиони евра.
Во договорот шпанските гиганти во текот на првите две сезони ќе добиеле и поголеми компензации од остантите, и тоа во две рати, па тоа е уште една причина зошто Шпанците не сакаа да го напуштат затвореното натпреварување.
Секој учесник од инвестициската банка требаше да добие од 200 до 300 милиони евра само за учество во Суперлигата, но такво нешто засега нема да се случи.