Детали околу договорот на Гвардиола и Јувентус: Потписот на 4 години е вреден 96 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот е се поблиску до Торино!

Пеп Гардиола е се поблиску до клупата на Јувентус.

Според тврдењето на Италијанските медиуми, кои се повеќе се уверени дека шпанскиот стручњак од наредната сезона ќе седи на клупата на најголемиот италијански тим.

И покрај тоа што Гардиола ги демантира сите овие шпекулации, на површината полека излегуваат сите детали од договорот, а италијанската новинарска агенција ги доби сите информации од потенцијалниот договор.

АГИ тврди дека Пеп со клубот од Торино се договорил на четиригодишна соработка и плата од 24 милиони евра по сезона, а сето тоа набрзо ќе биде официјализирано.

Наводно Гардиола треба да го потпише договорот со Старата Дама на 4 јуни, а официјално се очекува дa биде соопштено на 14 јуни.