Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи изминатата ноќ во Карловац, загинаа две лица, меѓу кои и поранешниот хрватски репрезентативец во фудбал Никола Покривач, пренесоа хрватските медиуми.
Во краткото соопштение, полицијата наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека четири патнички возила учествувале во неа. Три лица се пренесени во здравствена установа за да им се укаже помош.
Во автомобилот со него биле и неговите тројца соиграчи од локалниот четвртолигаш НК Војниќ, за кој тој играл по завршувањето на професионалната кариера, а од трите повредени лица во несреќата, двајца се фудбалери од овој клуб.
Другото лице кое загина се наоѓаше во другото возило, а „Јутарњи“ известува дека таа личност била во Ауди со австриска регистрација, кое претекнувало и директно удрило во БМВ во кое биле Покривач и играчите на Војниќ.
Фото: Принтскрин