Детали за трансферот на Езе, Арсенал синоќа направи еден од најголемите “кражби” во историјата на Премиерлигата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еберечи Езе синоќа го одбра клубот во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арсенал и Тотенхем Хотспур.

Станува збор за фудбалер кој има 27 години и кој е врзан со договор за Кристал Палас до летото 2027 година.

Тој беше цел на два големи клуба од Лондон во последните неколку недели, а јасно е дека пред завршувањето на трансферниот рок ќе го напушти Кристал Палас.

Се чинеше дека интересот на Арсенал опадна во последната недела, додека од другата страна раководителите на Тотенхем на сите начини пробуваа да го доведат овој одличен фудбалер.

Работата отиде толку далеку што специјалистот за трансфери Фабрицио Романо дури и потврди дека Езе ја прифатил понудата на Тотенхем и дека ќе се придружи на тимот кој од клупата го предводи Томас Франк.

Спарс прифатија да испратат понуда од 65 милиони евра фиксно плус 10 милиони евра во бонуси.

“Езе ја потврди својата желба да му се придружи на Тотенхем”, напиша во неделата Романо.

Сепак, синоќа се случи неверојатен пресврт, што прв го пренесе Дејвид Орнстин од The Athletic.

Имено, раководителите на Арсенал вчера направија неверојатна работа и за само еден ден го завршија трансферот на Еберечи Езе.

Фото: Принтскрин