Дете од „Ла Масија“ ѝ даде три гола на Барселона (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера славеше против третолигашот Интерсити со 4-3 во шпанскиот Куп, а вечерта ја одбележа 21-годишниот Орио Солдевиља кој е поранешен член на „Ла Масија“.

Каталонскиот гигант ја мина и оваа пречка во Купот, но потешко од очекуваното затоа што Солдевиља го покажа својот квалитет.

„Ми значеше многу овој меч. Ова за мене беше како сон. Бев среќен по првиот гол, а со овие три сум презадоволен. Се сеќавам на моите денови во ‘Ла Масија’“, кажа Солдевиља.