Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа својот последен меч на „Емирати“ го одиграа дури тројца фудбалери на Арсенал.
Вчерашнио неуспех против Брајтон мина многу емотивно.
Не само поради тоа што Арсенал остана без шанси да влезе во Топ 4 екипите во Премиер лигата, на „Емирати“ веројатно последен пат истрчаа Петар Чех, Арон Ремзи и Дани Велбек.
Сите тројца вчера по мечот добија овации од страна на играчите и навивачите за се направено во дресот на Арсенал.
Најемтовино секако му беше на Велшанинот кој по 11 години својата кариера ја продолжува во Јувентус, додека Петар Чех официјално се прости од фудбалот.
Во сенка на овие двајца играчи беше простувањето на Дани Велбек, некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, од дресот на „Топчиите“.
Англичанецот дојде пред пет години од редовите на големиот ривал за сума од околу 25 милиони евра, требаше да биде големо засилување, дури имаше и добар почеток, но повредите го зедоа својот данок, па офанзивецот остана скратен од тоа да остави длабока трага на „Емирати“.
Оваа сезона одигра 14 натпревари, со Арсенал го освои трофејот во ФА Купот во 2017. година, Емери не го гледа во плановите за следната сезона, па така клубот ќе го напушти ова лето.