Девет гиганти добија казни зашто сакаа да формираат Суперлига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да ги казни клубовите кои излегоа од Суперлигата, иако претходно се согласија да формираат ново натпреварување.

Дури 12 екипи се согласија да создадат европска Суперлига, која доживеа крах за само 48 часа, а веднаш гигантите дознаа дека ги чекаат санкции.

Први кои се повлекоа од Суперлигата беа англиските тимови, по што ги следеа Интер, Милан и Атлетико Мадрид, додека Јувентус, Реал Мадрид и Барселона не се откажуваат од идејата за натпреварувањето.

Денеска тие девет клубови се договорија со УЕФА за казните кои ќе ги добијат за непромислениот потег. Беше решено дека на овие клубови ќе им биде одземено 5% од приходот кој ќе го остварат следната сезона во европските натпреварувања, а притоа заедно ќе соберат сума од 15 милиони евра која ќе биде донирана.