Деветката на Милан е секогаш интересна тема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански напаѓач Филипо Инзаги смета дека број 9 на Милан не е проколнат.

Имено, ниту еден играч со број 9 во Милан не успеа од 2012. година.

Оттогаш, преку клубот продефилираа осум напаѓачи што го носеа бројот девет. Ниту еден од нив не играше повеќе од една сезона, згора на тоа, некои заминаа по само половина сезона, иако ова се имиња кои имаат освоено бројни титули низ целата своја кариера.

Тие предлагаат деветката да оди на грбот на Златан Ибрахимовиќ, но тој би можел наскоро да го напушти Милан, така што веројатно нема да се случи.

„Ако Ибрахимовиќ ја облече деветката, проклетството ќе заврши. Тоа е важен број и не е во ред да се повлече. Со него повторно ќе се постигнуваат голови“, беше јасен Инзаги.

Последен што го носеше деветката во Милано беше Полјакот Криштоф Пјонтек. Тој постигна пет гола на 20 натпревари.

По богатата кариера, Инзаги се сврте кон тренерскиот бизнис. Денес го води Беневенто.