Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа му го исполни сонот синоќа на едно девојче кое се најде на стадионот во Даблин.
Девојчето кое има 11 години, Адисон Велан втрча на теренот по крајот на мечот стигна до Роналдо за да го побара неговиот дрес.
Ѕвездата на Манчестер јунајтед ѝ ја исполни желбата, а расплаканото девојче го побара дресот и прегратка од Роналдо, по што обезбедувањето ја изнесе од теренот.
Меѓутоа, нејзиното втрчување на теренот не мина без казна, туку девојчето заработи казна од 2.500 фунти.
„Казнета сум поради моето влегување во терен. За среќа, татко ми ќе го плати тоа. Седев во вториот ред. Лесно ја скокнав оградата. Трчав на теренот, а обезбедувањето беше зад мене. Само го барав Роналдо на теренот, а тој ме виде. Им кажа да ме остават на мир. Дојде до мене и ми го даде дресот“, кажа девојчето.