Девојка го обвини Нејмар дека ја нападнал, а тој објави нејзини „жешки“ слики (ФОТО)

Нејмар беше обвинет во саботата дека нападнал девојка на 15 мај во хотел во Париз. Наводната жртва поднела тужба во полициска станица во Сао Паоло, а напаѓачот на ПСЖ одговори со откривање на нивни пораки и фотографии.

Бразилскиот напаѓач преку Инстаграм одговори, па објави фотографии од нивните разговори и од девојката, која сакала само да му земе пари.

„Отсега ќе ги откривам сите наши моменти, кои се интимни, но потребно е да се отворат и разоткријат за да се докаже дека ништо не се случило. Тоа што се случи тој ден беше однос меѓу маж и жена во четири ѕида, нешто што го прават сите парови. Обвинет сум за напад, а тоа е тежок збор и ме изненади. Тоа е многу лошо и тажно“, вели Нејмар.