Девојка обвини фудбалер: Ми удри ќотек без никаква причина и ме влечеше по подот…


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Џонатан Кристалдо се најде во центар на внимание, откако без никаква причина решил на неговата девојка да ѝ удри ќотек.

Кристалдо имаше шанса да заигра и за репрезентацијаата, а неколку години беше во врска со девојката Морела Де Лас Херас. Во меѓувреме добија и две деца, но преку ноќ се уништи нивната врска.

Овој фудбалер почнал да ја тепа девојка му, а таа тврди дека тоа се случило без никаква причина. Соседите ја слушнале како вреска и реагирале, па повикале полиција, која му нареди на Кристалдо да не се приближува до неа на помалку од 300 метри. Исто така, доби суспензија и од клубот.

За да покаже дека добила ќотек од насилниот фудбалер, Морела ја објавија фотографијата и на социјалните мрежи.